Цајкани



Еден цајкан му вика на својот шеф: Шефее, ние цајканите сепак не сме најглупави!! И шефот го прашува: Зошто?- Цајканот вели: Епа го прашувам еден човек колку е часот и тој ми вика 5 и 5 наместо да ми каже 10.

Сообраќаен полицаец го вади својот бележник и вели:
-Значи така, кажете име, средно име и презиме?
-Ѓерасимчо Софрониев Попхаџихристомановски..
Полицаецот си го прибира тефтерот и одмавнува со раката:
-Добро, добро, ајде вози и гледај друг пат да не те фатам.

Едно дете заебава еден џандар:
Еј дечко, го знаеш Коле?
- Кој коле?
Овој доле!
Џандаров се изнервирал. Следниот ден пак истото?
Еј дечко го знаеш Коле?
- Кој Коле?
Овој доле.
Џандаров уште поеќе се изнервирал. Следниот ден пак истото му се случило и не можел да трпи веќе. Отишол кај шефот и му вика:
Шефе иам проблем. Ме дупи едно дете нонстоп ми вика еј го знаеш Коле? Ја му викам кој Коле а он ми вика овој доле.
- Епа сеа вака ќе направиш. Ќе му речеш ја знаеш Лидија? Он Ќе те праша која Лидија ти ќе му кажеш качи се на к*р па видија.
Иде Џандаров следниот ден и го гледа детето и му вика:
Абе дете... ја знаеш ти Лидија?
- Сестра му на Коле?
Кој Коле?
- Овој доле.

Стојат 4 полицајци до автомобил и се караат кој да седи до прозорецот.

Двајца полицајци возат куче на полагање. Патем стигнуваат поп и го земаат и му викаат:
- Ако положи кучево, ќе го направиме поп.
Попот слегол од колата и ги прашал:
- А, ако не положи, ќе остане полицаец?

Влегува човек во полициска станица и на сет глас вели: вие полицајците се најглупи. На тоа се собираат сите полицајци и велат дека не е точно. Човекот им вели ќе ви поставам три прашања доколку одговорете точно не сте глупави!
1. Што е тоа мало црвено на дрво расте?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: цреша.
Полицајците: Дај нешто полесно!
2. Што е тоа две мали црвени на дрво растат?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: две цреши.
Полицајците: Дај нешто полесно не се зафркавај!
3. Што е тоа што ја влечи коњската кола?
Сите ќутат, само еден дига рака.
Полицаецот: Да не се ТРИ ЦРЕШИ?!

Полицаец купува паштета!
Трга,трга неможи да ја отвори.
Го вади пиштолот и вика:
ОТВОРАЈ ПОЛИЦИЈА!

Полицаецот: Застани бе ! Застани !
Возачот: Повелете господине !
Полицаецот: Абе возеше 120 Километри на час бе ти нормален ли си? Не Гледаш Дека е дозволено 60 Километри на час?
Возачот : Се извинувам Господине.. !
Полицаецот: Какво извинување бе! онаму на раскрсницата згази двајца !! АЛОО.. Ти нормален ли си бе ?
Возачот: Се извинувам господине а колку е дозволено ?

На автопат полицаец запира автомобил во кој патувале 5 возрасни жени. Полицаецот и се обраќа на жената шофер:
- Госпоѓо се движите со 28 км/час. Ова е автопат и го отежнувате движењето.
- Пред малку имаше табла 28.
- Тоа е бројот на патот. Возете побрзо.
Полицаецот ги погледнува останатите патници и изненадено прашува:
- Што им е? Зошто се пребледени и се држат за вратите?
- Не знам. Можеби затоа што претходно возев на патот со број 260.

Некој човек туркал контејнер.
Го видел полицаец и му рекол :
-Бадијала туркаш,пишува не пали.





Страница 1 од 15

Mobile24.mk

24FUDBAL.com.mk

Андре Вилаш Боаш е свесен дека неговиот поранешен ментор Жозе Мурињо е по...
Дејвид Бекам вели дека неговата фамилија била причината поради која одбил...
Роберто Манчини не ја отфрла можноста Карлос Тевез одново да заигра за Ма...
Карло Анчелоти не крие дека го посакува Кака во ПСЖ и вели дека тие ќе се...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Risky Rider 2
Melon Mango Mayhem Game
Dino Panic
Diamond Dan
Bike Mania Arena
Crop Defenders

Hot & Sexy

Скриената камера секогаш е занимлива идеја. Поготово кога тема е нешто убаво и секс...
Моника Вајс во фотосесија за бикини...
Сексипилна девојка пред веб камера...