Понеделник, 26 Септември 2011 13:32 Култура
Изгубениот роман на Артур Конан Дојл

Во британските книжарници од денеска е во продажба до сега необјавениот роман на сер Артур Конан Дојл...


Романот The Narrative of John Smith (Раскажувањето на Џон Смит), напишан меѓу 1883 и 1884 година, се сеќавања на човек кој е принуден поради напад на болки во коските да лежи во својата соба.

Конан Дојл како млад автор романот му го пратил на издавачот, но овој бил изгубен во поштата. Книгата е потоа реконструирана по сеќавање, но никогаш повеќе не е пратена за објавување.

„Мојот шок поради нејзиното исчезнување би бил многу помал во споредба со ужасот ако одненадеж се појави испечатена“, се пошегувал еднаш творецот на Шерлок Холмс.

Британската библиотека денеска го објавува романот заедно со аудио верзијата која ја чита актерот Роберт Линдзи.

Четирите тетратки од ракописот исто така се дел од изложбата во библиотеката која трае до 5 јануари.

„Оваа публикација и изложба покажуваат дека се уште постојат нови работи кои можат да се откријат за оваа икона во книжевноста“, рече Рејчел Фос, која е еден од уредниците на романот.

Романот е дел од колекцијата Библиотека од 2007 година и се објавува во договор со фондот Артур Конан Дојл.

Британскиот писател Артур Конан Дојл првата авантура за Шерлок Холмс ја напишал во 1887 година, а тој детектив е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најчесто екранизиран лик: во повеќе од 200 филмови го глумеле 70 актери.

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Библиотеката на универзитетот Оксфорд и Ватиканската библиотека денеска соопштија д...
Повеќе од 200.000 документи за Титаник станале достапни на интернет денеска...
Во неодамна откриени записи на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи, стои потсетн...
Во пештерата Скија во Шкотска, археолозите пронашле дел од жичан инструмент стар по...
Непознатата комозиција од Моцарт, настанала од прилика во време кога виртуозот имал...
Во холандски музеј откриено е дека под едно дело на големиот мајстор се крие уште е...

24FUDBAL.com.mk

Дидие Дрогба ги негира зборовите на Јуп Хејнкес кој го нарече напаѓачот н...
Филип Лам вели дека откако го оствариле сонот да играат финале на домашен...
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи...
Кристијано Роналдо смета дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, а Реал М...

Mobile24.mk

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Rlax
Zombie Launcher
Demolition city
Batman
Mini Monster Challenge 2
Crab Ball

Hot & Sexy

Дејзи сега ја започнува својата кариера на модел, а ако продолжи вака сигурно уште ...
Две Британки со бујни физички атрибути... Џоди и Сем ги здружија силите.
Тетовираната Арабела Драмонд и ги држи градите на Роси Џонс во најновата сесија за ...