Tuesday, 20 March 2012 16:42 Култура

Комплетната архива на Алберт Ајнштајн, од лични писма до љубовниците до тетратки со записи од револуционерни истражувања, за прв пат во целост ќе бидат претставени на интернет.

Хербејскиот универзитет во Ерусалим, кој е сопственик на документациите на овој германски физичар со еврејско потекло, за оваа прилика ќе ги извлечат записите од сефот во кој се контролираат климатските услови, ќе ги фотографираат во висока резолуција и ќе ги стават на интернет.

Со тоа јавноста ќе може да стекне поцелосна слика за овој научен гениј.

Од 2003 година на светската мрежа поставени се само 900 снимки од оригинални ракописи, што е само половина од архивата. Сега, со помош на британската Фондација Полонски, која работела и на дигитализација на документите на Исак Њутн, сите 80.000 записи од колекцијата на Ајнштајн ќе бидат каталогизирани, а содржините заедно со референци.

Освежениот портал, кој е претставен денеска, содржи се од ахривата на Ајнштајн, а истражувачите можат да добијат пристап до документите за кои до сега не знаеле ниту дека постојат.

„Знаењето не е во криењето, туку во отвореноста“, изјавил Менахем Бен Сасон, претседател на Хербејскиот универзитет.

Ајнштајн, добитник на Нобелова награда за физика, чија теорија на релативноста е основа на современата наука, бил еден од основачите на овој универзитет. Својата архива и ја оставил на оваа академска установа, која ја презела по неговата смрт во 1955 година.

Порталот моментално нуди увид во првите 2.000 документи на 7.000 страници, кои го покриваат личниот и професионалниот извештај на Ајнштајн до 1921 година. Во наредните години архиварите постепено ќе ја зголемуваат колекцијата.

Архивата на Ајнштајн може да се погледне овде.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...