Saturday, 10 November 2012 18:00 Култура

Пред точно 16 години, светлото на денот го виде првата книга за бурниот љубовен живот на единствената Бриџит Џоунс, а за помалку од година дена би требало да се појави и третата.

Новиот роман на Хелен Филдинг би требало да се појави во продажба на есен во 2013 година. Насловот уште не е познат, но се знае дека приказната ќе се случува во современ Лондон и дека ќе истражува „поинаква фаза во животот на Бриџит“.

Првите два романи, „Дневникот на Бриџит Џоунс“ од 1996 и „Бриџит Џоунс: На работ на разумот“ од 1999 година беа светски бестселери со изданија во повеќе од 50 земји, а во 2002 и 2004 година се снимени многу успешни филмови со Рене Зелвагер во главната улога.

Третата книга би требало да ја задржи истата доза на сарказам и духовитост, но и во неа, како и во првите две, иако се некако се врти околу сексот, ќе има многу малку од него.

„Ако некогаш напишам секс сцена би морала да ја пратам на пријателите за да добијам некаков одговор. Ако го направам тоа никогаш не би ме оставиле на мира и секогаш би го споменувале тоа во разговорите, поради што би се срамела. Поради тоа едноставно нема да напишам таква сцена, нека читателите сами ја фантазираат“, изјави Филдинг.

Издавачот Ден Френклин вели дека добрите писатели на комедија се исклучително ретки и дека Хелен е една од оние која успеа да создаде впечатлив лик кој на читателите им ја враќа насмевката на лицето.

„Како и милиони други, не можам да дочекам да дознаам што и се случи.“

Чекањето, се надеваме, ќе се исплати.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...