Wednesday, 19 December 2012 17:41 Култура

Пред два века, на 20 декември 1812 година, во Германија излегла од печат првата книга „Детски и домашни бајки“ од браќата Јакоб и Вилхелм Грим. И оваа година книгата е во берлинските излози, само во модерно пакување и со етикета - стара 200 години.

Во текот на изминатите векови, тие доживеале безбројни изданија и се преведени на 170 светски јазици и покрај Лутеровата верзија на Библијата се сметаат за најпознато дело во историјата на германската книжевност.

Ракописите на браќата Грим кои се чуваат во нивниот музеј во Касел во 2005 година се вклучени во светската културна градина на документи на УНЕСКО. Меѓу ракописите на браќата Грим, нема само бајки, туку и митови, нордиски саги, легенди, разни висови усна народна книжевност, приказни за животни, поучни приказни.

Нивното дело кое кулминирало со појавата на првата збирка бајки имало исклучително влијание ширум светот на собирачите на народна усна книжевност, па меѓу нив е и нашиот Марко Цепенков.

Интересирањата на браќата Грим за прозната „народна книжевност“ како литературна градина на древните времиња, ги поттикнале германските поети кои пред нив почнале да ги собираат и запишуваат народните песни.

„Заслугата на браќата Грим во времето кога делувале е таа што се труделе да ги забележат оние бајки во кои главните актери се децата или младите, затоа што тоа ги правело привлечни за младите читатели кои низ тие приказни биле воспитувани во духот на етичките и моралните норми и ги упатуваат во духот на протестантизмот да бидат вредни, да ги слушаат постарите, да прават добро и да ги следат Божјите заповеди“, објаснува во еден есеј Ханс Јорг Утер, уредник на „Енциклопедијата на бајките на браќата Грим“ со 2.700 енциклопедиски единици и автор на обемниот прирачник за „Детски и домашни бајки“ на браќата Грим.

Првото издание кое сега во Германија добива голем број на изданија богато илустрирани и прилагодени, по должината, јазикот и стилот, на разни возрасти, има 207 бајки. Првата бајка е „Кралот Жабец и принцезата“ а изданието завршува со „Рапунзел“.

Работата која на браќата Грим им одзела десет години им донесе бесмртност, а на издавачите богатства и шанси постојатно да прават избор на „најубавите“ за нови и нови генерации мали кои преку тие бајки се учат на многу убави особини.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...