Понеделник, 23 Јануари 2012 08:24 Филм
На сите им се допаѓа црно-белиот „Уметник“

Американските продуценти покрај „Уметник“, кого го сметаат за најдобар филм, го наградија и режисерското првенче на Анџелина Џоли...


По Златниот глобус и наградите на американските критичари, филмот „Уметник“ на францускиот режисер Мишел Азанависиус ја освои наградата и на Американското здружение на процуденти (PGA).

Оваа црно-бело остварување, кое не враќа во златното доба на „немиот“ Холивуд, победи во конкуренција со седум филмови, меѓу кои и семејната драма „Потомци“, комедијата „Деверуши“ и приказната за расизмот „Помошта“.

„Кога Мишел Азанависиус и јас сонувавме да го снимиме ‘Уметник’, знаевме дека всушност сонуваме да му напишеме љубовно писмо на американскиот филм. Тогаш не ни помислувавме дека ќе ни се оствари дел од американскиот сон“, рече францускиот продуцент Тома Лангман, примајќи ја наградата.

„Уметник“ пред недела дена, на 69-тото доделување на Златен глобус е прогласен за најдобра комедија/мјузикл, а „Потомци“ за најдобра драма, со што овие две остварувања, според многумина, стануваат главни конкуренти за Оскар.

На Анџелина Џоли за филмот „Во земјата на крвта и медот“, кој го напиша, режира и продуцира, и е врачена наградата „Стенли Крејмер“, наменета за филмови кои се занимаваат со провокативни социјални прашања.

Стивен Спилберг ја освои престижната награда „Дејвид О Селзник“, додека неговиот анимиран филм „Авантурите на Тинтин“ ја доби наградата за најдобра продукција на анимиран филм.

Серијата Broadwalk Empire во продукција на HBO ја освои наградата за најдобра драмска серија. Стикомот Modern Family е прогласен за најдобра хумористична серија.

Меѓу добитниците на овогодинешниве 23-ти доделувања на PGA наградите е и документарецот Beats, Rhymes & Life: The Travleres of a Tribe Called Quest за влијателната хип-хоп група A Tribe Called Quest.

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Глумецот Били Боб Торнтон ја издаде автобиографијата "The Billy Bob Tapes: A Cave F...
Прекрасната глумица Фреида Пинто синќа на премиерата на филмот "De Rouille et D'os"...
Глумецот Траволта наводно пробал орално да го задоволи својот колега Џеф Конвеј дод...
Актерката се вклучи во поворката во Лос Анџелес за поддршка на борбата против ракот...
"Имав такви коски затоа што кога бев мала имав жолтица па примав многу атибиотици п...
Иако се разведоа пред девет години, Анџелина Џоли сеуште има чувства кон бившиот со...

24FUDBAL.com.mk

Дидие Дрогба ги негира зборовите на Јуп Хејнкес кој го нарече напаѓачот н...
Филип Лам вели дека откако го оствариле сонот да играат финале на домашен...
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи...
Кристијано Роналдо смета дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, а Реал М...

Mobile24.mk

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Rlax
Zombie Launcher
Demolition city
Batman
Mini Monster Challenge 2
Crab Ball

Hot & Sexy

Дејзи сега ја започнува својата кариера на модел, а ако продолжи вака сигурно уште ...
Две Британки со бујни физички атрибути... Џоди и Сем ги здружија силите.
Тетовираната Арабела Драмонд и ги држи градите на Роси Џонс во најновата сесија за ...