Saturday, 18 February 2012 17:00 Филм

Актерката Џенифер Хадсон наводно е во преговори за улогата во римејкот на филмот „Телохранител“ од 1992 година во кој главната улога ја толкуваше починатата Витни Хјустон.


Иако снимањето на вториот дел од популарниот филм се најавува уште од минатата година, сега филмот би требало да биде снимен во чест на починатата поп дива Витни Хјустон, а главешините на холивудските студија сметаат, наводно, дека Џенифер Хадсон е идеална за таа улога.

На починатата пејачка, почест на овогодишното доделување на Греми награди меѓу другите и одаде и Хадсон, и тоа токму со песната I Will Always Love You - песната која беше на саундтракот на филмот „Телохранител“.

Во филмскиот хит од 1992 година главните улоги ги толкуваа Витни Хјустон и Кевин Костнер.

Сценариото за новата верзија им е доверено на Џереми Фридман и Ники Палмер.

Според новото сценарио пејачката ќе ја чува поранешен борец од Ирак, на кого таа работа ќе му биде прва задача по враќање од бојното поле. Кога ќе ја прифати улогата на телохранител на музичката ѕвезда, бившиот војник сфаќа дека неговата задача, во светот на Твитер, Фејсбук и сличните нови работи кои овозможуваат полесен пристап до ѕвездите, нема да биде нималку лесна.

Меѓу имињата кои биле во план за улогата која пред 20 години ја одигра Витни Хјустон биле Ријана, Бијонсе, Џенифер Лопез, Тејлор Свифт, па дури и Мајли Сајрус.

Се уште не е познато кој ќе го замени Кевин Костнер, а како негови можни наследници на позицијата на телохранител порано се споменуваа Чејнинг Тејтум, Марк Волберг, Двејн Џонсон и 50 Цент.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...