Tuesday, 22 October 2013 09:05 Филм

Над 45 поранешни девојки на Бонд позираа пред објективот на познати фотографи во рамките на нова изложба...

Актерки, меѓу кои Хонер Блекман, Ширли Ијтен , Грејс Џонс и Џил Џон, се собраа за фотосесија со фотографот Тарин Симон посветена на серијалот за супершпионот. Симон им пишал на 57 поранешни ѕвезди од филмовите на агентот 007, од кои само десет ја отфрлиле поканата, вклучуваќи ги првата Урсула Андрес и британската актерка Гема Артертон која имаше кратка улога во "Спектар на утехата" од 2008 година.

Некои актерки се појавија во облека, поврзана со нивната улога во познатата серија. Така Ширли Ијтен од "Голдфингер" беше избрала фустан во златна боја, а други како Џејн Сејмур од "Живеј, а другите да умрат" се претставила во елегантна вечерна наметка.

"Сите жени имаа слобода да изберат облека и да позираат како сакаат...Секоја жена која не е тука, е претставена со празно место на ѕидот со натпис со името и филмот, во кој е вклучена" , изјави Симон пред британското списание "Стела". Изложбата, насловена Birds of the West Indies, ќе биде претставена во музејот на уметноста Карнеги во Питсбург, Пенсилванија, подоцна оваа година пред да замине на турнеја.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...