Среда, 22 Февруари 2012 16:39 Занимливости
Дали страдате од номофобија?

Мобилниот ви остана дома, а вас ве фати напад на паника? Сигурно страдате од номофобија.


Истражувањето спроведено на 1.000 испитаници покажало дека две третини, или 66% од испитаниците се плашат дека ќе го изгубат или заборават мобилниот. Таквиот страв се вика номофобија, а ја вклучува и нервозата која личноста ја чувствува и кога нема сигнал.

Очекувано, номофобијата од која боледува половина од популацијата е во пораст. Последните години е забележан пораст од 13%, пропорционално со зголемување на корисниците на паметни телефони.

Овој страв е пораширен кај жените; 70% од нив се плашат дека ќе останат без мобилен, додека мажите се на 60%, покажало истражувањето на SecurEnvoy кое го пренесува Mashable. Интересно, мажите биле во поголем број номофобични во 2008 година, додека денеска тој број е намален. Причината за тоа е што, за разлика од жените, посклони се да носат два мобилни со себе.

Номофобијата е позачестена кај помладата популација, дури 77% од младите се плашат да останат без мобилен. По нив се луѓето на возраст од 25 до 34 години, па корисниците кои имаат над 55 години. Неодамнешно истражување на Хелсиншкиот институт покажало дека луѓето ги проверуваат своите мобилни 34 пати на ден. Според тоа, на оној кој го оставил мобилниот дома нема да му треба долго да го сфати.

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Љубовта е навистина занимлива и возбудлива. А разводот знае да биде уште повозбудли...
Каква е врската помеѓу квалитетот на живот и учењето?
Симпатичното куче Норман од Џорџија стана ѕвезда на “YouTube” посл...
Необичен инцидент се случил овие денови во еден ресторан во Винсконсин. Наводно, ка...
Литванскиот уметник Тадао Керн со својот проект "Blow Job" сакал да покаже како изг...
Според новите истражувања на лекарите, носењето на емо фризури кај малдите луѓе мож...

24FUDBAL.com.mk

Дидие Дрогба ги негира зборовите на Јуп Хејнкес кој го нарече напаѓачот н...
Филип Лам вели дека откако го оствариле сонот да играат финале на домашен...
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи...
Кристијано Роналдо смета дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, а Реал М...

Mobile24.mk

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Rlax
Zombie Launcher
Demolition city
Batman
Mini Monster Challenge 2
Crab Ball

Hot & Sexy

Дејзи сега ја започнува својата кариера на модел, а ако продолжи вака сигурно уште ...
Две Британки со бујни физички атрибути... Џоди и Сем ги здружија силите.
Тетовираната Арабела Драмонд и ги држи градите на Роси Џонс во најновата сесија за ...