Thursday, 22 January 2015 10:51 Занимливости

Според нумерологијата, броевите имаат големо влијание врз нашите животи...



Точните датуми ни даваат добри насоки во животот со помош на нумерологијата. Најпрво треба да го одредиме личниот број со датата од својот последен роденден, а потоа погледнете го толкувањето на броевите.

Како да го одредите вашиот број?

Соберете ги сите цифри од последната дата на вашиот роденден. На пример, ако сте родени на 16.4, а последниот роденден ви беше во 2014, соберете ги сите броеви што ги гледате: 1+6+4+2+0+1+4=18. Важно е бројот што ќе го добиете да биде едноцифрен, затоа ги собирате сите цифри што ќе ги добиете, се додека не добиете едноцифрен број. Во овој случај резултатот изнесува 18, па ако ги соберете 1 и 8, добивате 9. Значи, бројот во овој случај изнесува 9.

На тој број треба да ја додадете датата што ве интересира. Ако сакате да знаете што ве чека на 26.1, тогаш собирате 2+6+1=9. Потоа го собирате личниот број и бројот на денот: 9+9 = 18. И овде е потребен едноцифрен број, па така треба да ги соберете овие две цифри: 1+8=9. Потоа погледнете го толкувањето за бројот 9.

За секоја нова дата, ја повторувате постапката за одредувањето на бројот на денот и запаметете го личниот број. Кога ќе го одредите бројот, погледнете го толкувањето.

Број 1

Ова е совршен ден да се борите за она што го сакате. Еден претставува нови почетоци.

Број 2

Ако збирот од личниот број и датата изнесува два, тогаш на тој ден ќе бидете многу отворени за споделување на чувства.

Број 3

Најпродуктивни ќе бидете на денот што го обележува број три.

Број 4

Искористете го овој ден да доведете ред во домот. Сите обврски од кои сте нервозни, одеднаш ќе ви станат лесни. Денот со број четири е одбележан со грижа за просторот каде живеете или за сопственото тело.

Број 5

Ако се воздржувате од изразување на мислење, денот со број 5 е идеален за изразување и прекинување на тишината.

Број 6

Шест е број на убавината, естетиката и сензуалноста, а ќе зрачите се поголема сексуалност. Не се работи само за добриот изглед, туку тој ден ќе бидете свесни за своите моќи.

Број 7

Во нумерологијата седум е бројот што ги спојува небото и земјата. Затоа овој ден ќе ви даде трпение за да напредувате во своите амбиции.

Број 8

Без разлика што работите и дали немате време за семејството или сте многу фокусирани на личниот живот, затоа што кариерата ви стои во место, ова е идеално време за повторно воспоставување на рамнотежа.

Број 9

Ова е ден за трансформација, со која ќе преиспитате што се преживеавте во претходните осум дневни циклуси. Се` се врти околу прифаќањето на сопствените искуства, фактите дека дадовте се од себе.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...