Среда, 22 Февруари 2012 16:01 Љубов & Секс
„Ќе знам ако ме изневери“

... и други митови за неверството во кои жените веруваат.


Ако некогаш сте се посомневале дека партнерот ве изневерува, а потоа, кога отворено сте го прашале, како одговор сте добиле: „Смири се да ти објаснам“ или „Ма, ајде, не си нормална“ или „Немој да си таква“, или како и да заврши вашиот разговор, со жолчна расправија или страсен бакнеж, вашите сомнежи најверојатно се биле оправдани.

„Јас ќе го променам, со мене ќе биде поинаков“... Многу е лесно да си направите илузија, дури и кога станува збор за некој кој целото ваше друштво (вклучувајќи ве и вас самите) знае дека ја изневерил секоја девојка со која бил во врска пред вас. Пред сериозно да се вљубите, бегајте колку што можете подалеку од него. Немојте да губите време, сите ваши претходнички веројатно ја имале истата идеја - дека со нив ќе биде поинаков.

„Жал му е поради тоа што се случило“... Пред да донесете одлука што понатаму и дали воопшто има „понатаму“, запрашајте се дали се кае што ве изневерил или само жали што вие сте го откриле. Луѓето грешат, можеби навистина во прашање бил само момент на невнимание, па ако чувствуват дека на вашиот однос треба да му дадете уште една шанса, сторете го тоа. Но, ако имате и трошка сомнеж дека единствено жали затоа што не бил доволно внимателен, па вие сте го откриле тоа, време е да продолжите понатаму.

„Ќе знам ако (повторно) ме изневери“... Ова е донекаде точно. Ќе знает. Ако сакате да знаете. Но, ако изберете да „замижете“, дали од љубовта која што ја чувствувате кон него или од некои други причини, ништо нема да ви биде полесно отколку да се лизнете во тоа „незнаење“. И што е најчудно, иако делумно секогаш ќе бидете свесни дека сте во заблуда, грчевито ќе се држите до истата, како тоа да е единственото што ви преостанува.

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Мирисoт на доминатен маж ги привлекува жените и тоа во текот на овулацијата. А мажи...
Девојките кои го започнуваат својот сексуален живот пред 20-та година, се разведува...
Добро познато е дека  мажите полесно ги толкуваат директните реченици отколку ...
За женската полова немоќ се одоми називот фригидност (италијански - frigiditas). За...
Ново истражување открива дека хуморот е на врвот на листата на најпосакувани особин...
Мажите не сакаат да го следат здравиот начин на исхрана, бидејќи сметаат дека месот...

24FUDBAL.com.mk

Дидие Дрогба ги негира зборовите на Јуп Хејнкес кој го нарече напаѓачот н...
Филип Лам вели дека откако го оствариле сонот да играат финале на домашен...
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи...
Кристијано Роналдо смета дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, а Реал М...

Mobile24.mk

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Baloon Flight
Rlax
Zombie Launcher
Demolition city
Batman
Mini Monster Challenge 2

Hot & Sexy

Дејзи сега ја започнува својата кариера на модел, а ако продолжи вака сигурно уште ...
Две Британки со бујни физички атрибути... Џоди и Сем ги здружија силите.
Тетовираната Арабела Драмонд и ги држи градите на Роси Џонс во најновата сесија за ...