Tuesday, 27 January 2015 10:30 Љубов & Секс

Дали сте се прашале зошто е кажано да се носи свадбениот прстен на 4-от прст и што симболизира...



Верувале или не, одговорот има физичка природа. Пред да го проучи човечкото тело модерната медицина, се верувало дека низ 4-от прст на раката минува вената што води директно до срцето. Токму поради таа поврзаност на прстот и срцето е вената што се нарекува „vena amoris“, што на латински значи „вена на љубовта“.

Ова симболично наречје е тесно поврзано со традицијата, во која мажот и подарува на жената прстен, што се опишува како чин за овековечување на нивната љубов.

Според кинеското учење, секој прст на раката симболизира дел од вас:

- палец - вашите родители;
- показалец - вашите браќа и сестри;
- среден прст - самите вие;
- четвртиот прст - вашиот маж или сопруга;
- малиот прст - вашите деца.



Ако ги допрете прстите од левата и десната рака како на сликата, така што средните прсти ги свиткувате навнатре, добивате положба која ви ја открива оваа романтична симболика:

- Ако се обидете да ги разделите палците, ќе успеете. Причината е тоа што и вие кога-тогаш ќе се разделите од своите родители и ќе започнете самостоен живот.

- Ако се обидувате да ги разделите показалците, ќе успеете. Причината е тоа што и вашите браќа и сестри ќе се разделат и ќе основаат сопствено семејство.

- Ако се обидете да ги разделите малите прсти, ќе успеете. Причината е тоа што вашите деца ќе пораснат и ќе започнат сопствен живот.

- Ако се обидете да ги разделите четвртите прсти, нема да успеете. Причината е тоа што на мажите и на жените им е судено да останат цел живот заедно, неразделни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...