ВИЦ

Амди отишол во кафеана, да се разлади од големата горештина. Влегол и на келнерот му рекол да му донесе еден ептен студен сок миринда. Кога келнерот го донел сокот , Амди во еден здив го испил и со задоволство му се обратил на келнерот:
- Абе брат, ова миринџа е најбоља кока кола у свет!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 09 October 2012 18:09 Македонија

Прекрасно место исполнето со многу голема историја, бескрајни предели кои што не ве оставаат рамнодушни. Место што вреди да се посети...

Кајмакчалан 2521м, петтиот највисок врв во Македонија. Се наоѓа на самата граница со Грција, на планината Ниџе. Недопрена природа. Го красат прекрасни бесконечни предели кој што оставаат без здив.

Се тргнува од Битола до селото Скочивир до каде што има асфалтиран пат. Потоа патот до самиот врв е само за најхрабрите. До таму се стигнува со теренско возило или пешки само за најиздржливите.



Кога ќе се стигне на врвот прво што може да се забележи е црквата Св. Петар (Спомен капелата) на Српските војници од Првата светска војна и костурницата со коските од паднатите борци од тоа време.



На врвот Кајмакчалан, веднаш по заземањето од страна на Србите, во Првата светска војна, почнала да се гради Спомен капелата која што подоцна во 1928 година била осветена и претворена во црква заедно со костурницата. На овој фронт имало толку многу загинати што и до ден денес може да се најдат човечки коски шетајќи по пределите на Кајмакчалан.



Врвот е познат по Кајмакчаланската битка која што се водела помеѓу Србија и Бугарија. Битката траела од 12 Септември до 03 Октомври 1916 година. На ова место жестоко се судриле Српската со Бугарската војска, во кои учествувале и многу Македонци од двете страни на фронтот, кои биле принудени да го дадат својот живот за туѓи интереси. Според некои локални приказни кои што се раскажувани во село Старавина имало и битки во кои се бореле брат против брат од двете страни на фронтот. Навечер можеле да се слушнат пријателски разговори помеѓу спротивните страни.



За црквата Св. Петар има и една легенда поврзана со Рудолф Арчибалд Рајс. Тој помеѓу луѓето бил познат и како доктор Рајс, но всушност не бил доктор, туку бил професор, криминолог, фоторепортер и дописник за неколку весници во првата светска војна директно од фронтот. Доктор Рајс имал желба откако ќе почине неговото срце да биде обвиткано во злато и да биде ставено во урна внатре во црквата. Се смета дека неговото срце било во таа урна после неговата смрт во 1928 година па се до Втората светска војна кога врвот бил освоен од страна на Бугарите и тогаш се губи трага на срцето.



Тоа е таа волшебна приказна, раскажана на кратко, за врвот Кајмакчалан и неговите битки.

За повеќе фотографии од ова патување кликнете тука.

Автор: Огнен Бојковски

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...