Вторник, 07 Февруари 2012 15:13 Мода & Убавина
Најплатените модели за 2011-та година

Top 10 најплатени модели за 2011 година...

10. Кандис Суанпоул - 2 милиони долари. 22 годишната русокоса од Јужна Африка е еден од најновите ангели на Викторија Сикрет. Кандис е рекламно лице на брендот True Religion...

9. Наталија Водјанова - 4 милиони. Рускиот модел има сопствена линија за долна облека Etam, исто така таа е рекламно лице на брендот парфеми Guerlain.

8. Каролин Марфи - приход од 4.3 милиони долари. Таа е рекламно лице на козметичкиот гигант Estée Lauder, има договор со Tiffany & Co., Tom Ford и др. Исто така, освен како модел, убавицата е и актерка.

7. Лара Стоун - 4.5 милиони долари. Промотивни договори со Versace, H & M, Prada и DKNY.Во есента на 2010 година, холандскиот модел стана лице на Calvin Klein Inc.

6. Дарија Вербови - 4.5 милиони долари. Полјакињата освои богатство откако потпиша договор со козметичкиот гигант Lancôme Paris. Таа е лице на брендот Stefanel, YSL, Versace и H & M.

5. Алесандра Амброзио - е исто така еден од ангелите на Викторија Сикрет. Таа влегува во десетте најплатени модели за 2011 година со приходи од 5 милиони долари. Освен со гиганти за долна облека, Амброзио има рекламни договори со Dolce & Gabbana, Moschino, бразилската бренд Colcci за спортска опрема и Carlos Miele jeans.

4. Адријана Лима - е бразилски топ модел и еден од ангелите на Викторија Сикрет. Со рекламни договори за долна облека и календар за брендот, како и учество на бразилскиот форум на модата. Моделот има приходи од 8 милиони долари.

3. Кејт Мос се наоѓа на третото место со 13.5 милиони долари. Со рекламни кампањи за Dior cosmetics, Vogue Eyewear, David Yurman, Rimmel и YSL.

2. Хајди Клум - е на второ место по приходи, со значителните 20 милиони долари. Германскиот супер модел значително ја зголеми својата банкарска сметка во изминатата година со најразлични телевизиски проекти и како рекламно лице на голем број козметички брендови. Иако убавицата заврши со 13 годишното учество во модниот гигант Викторија Сикрет, таа направи неколку успешни телевизиски емисии - Project Runway (за млади дизајнери), претстојните 20-епизоди од детско шоу - 'Seriously Funny Kids', како и Germany's Next Top Model (Следниот топ модел на Германија), кои исто така се одразија многу позитивно на нејзиниот банкарскиот профил.

1. Жизел Бундхен - со приходи од 45 милиони долари за 2011 година, води на листата за најпрофитабилен супер модел. Бразилката е рекламно лице за еден од најголемите светски брендови, како H & M, Dior и Versace.Како лице на шампоните Pantene таа придонесе за зголемување на продажбата во Бразил со над 40%. Значаен придонес кон состојбата на убавицата е и нејзината колекција летни влечки и сандали Ipanema, која ја создаде во 2001 година и од која само за 2010 година биле продадени над 250 милиони пара. Исто така Бундхен доби и дополнителен бонус за тоа што надоместоците и се исплаќаат во евра.

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Супер колекција на познатиот бренд.
Екстравагантните "огнени" чевли од колекцијата пролета-лето на Prada предизвикаа ви...
Оваа сеозна долгите фустани се апсолутен хит. Ги обожуваме затоа што се удобни и ле...
Австралијката Erin McNaught снимила нова насловна за тамошното изадние на списаниет...
Селебрити дамите полудеа по овие чевли.
Убавата манекенка Миранда Кер на доделувањето на наградите "2012 Women Of Style" се...

24FUDBAL.com.mk

Дидие Дрогба ги негира зборовите на Јуп Хејнкес кој го нарече напаѓачот н...
Филип Лам вели дека откако го оствариле сонот да играат финале на домашен...
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи...
Кристијано Роналдо смета дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, а Реал М...

Mobile24.mk

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Baloon Flight
Rlax
Zombie Launcher
Demolition city
Batman
Mini Monster Challenge 2

Hot & Sexy

Дејзи сега ја започнува својата кариера на модел, а ако продолжи вака сигурно уште ...
Две Британки со бујни физички атрибути... Џоди и Сем ги здружија силите.
Тетовираната Арабела Драмонд и ги држи градите на Роси Џонс во најновата сесија за ...