Мујо се враќа касно дома, мртов пијан и и вика на Фата: - "Фато знаеш ли што ми се случи?", а Фата на тоа: - "Тоа не е важно. Важно е што ќе ти се случи сега!"
- "Фато сакаш ли да си играме Големиот брат?" Фата целата возбудена: - "Сакам, Мујо, сакам." - "Фато, говори Големиот брат! Имаш 2 минути да ја напуштиш куќата!"
Ја насликал Суљо својата прва слика и ја донел во галерија. Ја гледа сопственикот на галеријата и вели:
- "Не е лоша, како се вика?" - "Мујо во Америка." - "А која е оваа гола жена на сликава?" - "Фата." - "А овој гол маж пред неа?" - "Хасо." - "А каде е Мујо?" - "Па во Америка."
Мујо и Хасо удриле во дрво со автомобилот. При ударот Мујо излетал преку шофершајбната. Давајќи му прва помош на местото на несреќата, докторот му вика:
- "Да ти беше ставен каишот немаше да излеташ! Гледај како Хасо убово си седи, исто као да е жив!"