Friday, 25 September 2015 08:58 Наука

Целосното затемнување на Месечината заедно со супермесечината е голем спектакл, кој ќе се случи во недела или рано во понеделник...



Времето кога ќе се случи тоа зависи од ѕвездениот систем. Ова последен пат се случило во 1982 година, што значи дека не го виделе тие што се помлади од 30 години и нема да се повтори се до 2033 година, соопштила американскта вселенска агенција НАСА. Супермесечината се случува само кога полната Месечина или младата Месечина е најблизу до Земјата. Иако е тоа на оддалеченост на околу 350.000 километри, Месечината ќе блеска повеќе од вообичаено.

Целосното потемнување на Месечината ќе трае повеќе од еден час и ќе биде видливо, доколку дозволат временските прилики, од Северна и Јужна Америка, Европа, Африка и западна Азија. Во Европа Месечината, Земјата и Сонцето ќе се подредат еден позади друг во рани зори во понеделник, од 04:11 до 05:23 часот според централно-европско време.



Месечината не создава сопствена светлост, туку ја добива од Сонцето. Рано во понеделник Месечината ќе биде во совршена рамнина со Сонцето и Земјата.

„Ќе имаме целосно потемнување, затоа што Месечината ќе биде целосно прекриена со сенката на Земјата“, изјавил Паскал Декам, астроном од Париската опсерваторија.

Пред очите на набљудувачите Месечината ќе исчезне, бидејќи нема да паѓаат зраци од Сонцето врз Месечината и потоа повторно ќе се појави во црвена боја, поради што се нарекува уште и Црвена Месечина. Месечината во понеделник ќе изгледа за 14% поголема и за 30% поблескава. За разлика од потемнувањето на Сонцето, потемнувањето на Месечината не е опасно за очите и слободно можете да користите двогледи, телескопи и други инструменти.

„Тоа е спектакл за сите и бесплатен е. Доволно е да ја извадите главата низ прозорецот“, додава Паскал Декам.

НАСА ќе го пренесува потемнувањето на Месечината во живо преку интернет, што е добра опција за оние што нема да можат да го видат спектаклот од евентуални облаци.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...