Thursday, 06 October 2011 07:54 Вести

Во 56 години од својот живот почина еден од најголемите визионери на модерната доба...


Стив Џобс, еден од основачите на Apple и по многумина најголемиот визионер на модерната ера, почина вчера во 56 годишна возраст.

Ова е тажна вест потврди и извршниот директор на Apple Tим Кук, кој во емајлот на своите вработени напишал дека "Apple изгубил визионер и креативен гениј, а светот останал без неверојатна личност".

Тој додал дека Џобс зад себе оставил компанија која само тој можел да ја изгради и дека неговиот дух засекогаш ќе биде темел на Apple. Стив Џобс со години се борел со тешки болести - во 2004 година бил на операција поради рак на панкреасот, две години пред да му биде трансплантиран црн дроб.

Проблемите се влошиле оваа година, по што на почетокот од оваа година отиде на боловање, во август најави дека ќе се повлече од функцијата главен извршен директор. По тој повод тој неможеше да ги изврши секојдневните обврски, така што беше време да се пензионира - тогаш веќе на сите им било јасно дека здраствената ситуација на Џобс се влошува.

Стив Џобс зад себе оставил големо наследство - од Apple компјутер и Macintosh па до iPod, iPhone и iPad. Многумина ќе речат дека со iTune ја промени музичката индустрија, а со iPhone и App Store го променил начинот на кој ги користиме паметните телефони.

По повод смртта на Стив Џобс, се огласил и американскиот претседател Барак Обама кој рекол дека тој бил "Еден од најголемите американски иноватори - доволно храбар за да мисли поинаку, толку одважен да верува дека може да го промени светот и толку талентиран дека тоа навистина и го прави".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...