Wednesday, 07 November 2012 12:39 Вести

Претседателот Барак Обама во своето прво обраќање по освојувањето на вториот претседателски мандат изјави дека "најдоброто за САД допрва доаша"...

Откако се качи на сцената во друштво на сопругата Мишел и ќерките Саша и Малија, Обама се врати кон темите од предизборната кампања, ветувајќи дека ќе се бори за средната класа и за американскиот сон. "На овие избори вие, американскиот народ, ни напоменавте дека иако патот ни беше тежок, иако патувањето ни беше долго, ние се исправивме", изјави Обама пред своите приврзаници.

"Ние во нашите срца знаеме дека за САД најдоброто допрва доаѓа", истакна тој. Обама изјави дека зборувал со Ромни, и дека го поздравил него и кандидатот за потпретседател Пол Рајан за "огнената предизборна кампања" и вети дека ќе седне со поранешниот гувернер на Масачусетс, за да разговараат за начините за постигнување на напредок. "Можеби се боревме жестоко, но тоа е само бидејќи ја сакаме длабоко оваа земја и се грижеме силно за нејзината иднина", изјавил Обама. "Во следните недели ќе побарам начин да седнеме со гувернерот Ромни да поразговараме за тоа каде можеме да работиме заедно за да ја изведеме оваа земја напред", истакнал тој.

Претседателот се сврте и кон приврзаниците на противникот во претседателскиот натпревар, велејќи: "Без разлика дали сум го добил вашиот глас или не, јас се слушнав во вашите зборови. Учев од вас. Вие ме направивте подобар претседател. Со вашите приказни и вашите битки се враќам во Белата куќа порешителен и инспириран од работата што треба да се заврши, и за иднината, што не чека ", изјави Обама.

"И покрај сите тешкотии низ кои поминавме, и покрај сите проблеми во Вашингтон, никогаш не сум бил исполнет со поголема надеж за нашата иднина. Никогаш не сум бил исполнет со поголеми надежи за Америка", истакна тој. Обама и се заблагодари на армијата од членови на неговиот предизборен штаб и на волонтерите, чии напори му го обезбедија втор мандат, нарекувајќи ги "најдобар предизборен штаб и волонтери во историјата на политиката".

На крајот од својот говор Обама посочи за долгорочниот дневен ред на својот втор мандат. "Верувам дека можеме да ја земеме иднината во рацете заедно, бидејќи ние не сме толку поделени колку што не претставува политиката. Не сме толку цинични колку што некои експерти веруваат. Ние сме повеќе од збир од индивидуални амбиции", изјави Обама.

"Заедно со Божјата милост ќе го продолжиме патот напред и ќе го потсетиме на светот зошто живееме во најголемата страна на земјата. Благодарам, Америка. Бог да ве благослови. Бог да го благослови САД", заврши претседателот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...