Thursday, 28 September 2017 08:32 Вести
Светскиот економски форум го објави извештајот за глобалната конкурентност на сите економии во светот...



Истражувањето било спроведено од февруари од јуни годинава, а во индексот на глобална конкурентност се мерат 12 фактори, како што се: ниво на продуктивност на земјата, вклучувајќи ги институциите, здравство, инфраструктура, развој на пазарот за финансии, макроекономска средина, образование, технолошка подготвеност, големина на пазарот и иновативноста.

Според овогодинешниот индекс на конкурентноста, најконкурентна економија во светот на прво место се наоѓа Швајцарија.

Швајцарија е лидер на листата изминатите шест години. Швајцарскиот пазар на труд се смета за најдобро функционален на глобално ниво, додека земјата е на второ место споре усвојувањето на технологијата за поголема продуктивност.  По 3 години на третата позиција, САД годинава се искачија на второто место и го истисна Сингапур, кој сега падна на третата позиција. Еве кои се топ 10 најконкуретни економии за 2017-2018 година.

1. Швајцарија
2. САД
3. Сингапур
4. Холандија
5. Германија
6. Хонгконг
7. Шведска
8. Обединето Кралство
9. Јапонија
10. Финска

Во рамките на извештајот се рангираат и најиновативните економии во светот. Во топ 10 годинава се следните земји:

1. Швајцарија
2. САД
3. Израел
4. Финска
5. Германија
6. Холандија
7. Шведска
8. Јапонија
9. Сингапур
10. Данска

Додека во однос на технолошката подготвеност, следните земји се најдоа на првите 10 позиции на листата:

1. Луксембург
2. Швајцарија
3. Холандија
4. Обединето Кралство
5. Шведска
6. САД
7. Израел
8. Германија
9. Хонгконг
10. Исланд0

Македонија ја нема на списокот годинава, а од нашите соседи најдобро рангирана е Бугарија на 49-то место, потоа следува Хрватска на 74-то, Албанија на 75-то, Србија на 78-мо и Грција на 87 место.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...