Плавуша и кажува на својата пријателка: - "Разбирам како штркот го носи детето, но како пајакот ја носи колата тоа никако не може да ми влезе во глава."
- "Дали е точно дека бременоста за жените во 40-тите години секогаш била ризична?" - "Секако дека била ризична, во 40-тите години беше II Светска војна!"
- "Соседке, за роденден ќе ти купам завеса." - "Зошто?" - "Па да не се гледа кога се работиш со швалерот." - "А јас тебе ќе ти купам наочари." - "Зошто?" - "За да видиш дека тоа е маж ти."
Полицаец запира кола со плавуша позади воланот. - "Добар ден, ве молам документите!" - "Зошто, господине полицаец?" - "Затоа што возевте со 100 километри на час и тоа во населенo место!" - "Но каков час, па јас излегов од дома пред 5 минути."