|
|
Четврток, 03 Ноември 2011 10:33
Спорт
Милан размислува за ангажман Фабио Кваљарела
Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан планира да достави понуда до Јувентус за услугите на Фабио Кваљарела по случувањата со Антонио Касано.
Популарниот ’Фантантонио’ во петок треба да замине на мала операција за да се корегира срцева мaана и сеуште со точност не се знае колку долго ќе паузира напаѓачот. Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани вчера истакна дека Антонио Касано најверојатно ќе биде надвор од стројот од четири до шест месеци но последниот збор го имаат докторите кои ќе треба да дадат зелeно светло за фудбалерот да се врати на терените. По ваквиот развој на настаните, медиумите од Италија почнаа да шпекулираат за трансфер активностите на Росоњерите и се појавија извештаи кои велат дека Милан во јануари ќе достави понуда до Јувентус за услугите на Фабио Кваљарела. 28 годишниот напаѓач, иако подолго време е фит по тешката повреда и паузата од шест месец, не добива шанса од новиот тренер Антонио Конте и оваа сезона има одиграно само 13 минути. Кваљарела е атрактивна цел за Милан со оглед на тоа дека екс-фудбалерот на Наполи може да биде пријавен за настап во Лигата на Шампионите. Останува да се види дали Старата Дама ќе прифати Кваљарела да се пресели во ривал за Скудетото, особено што Јуве се обидува да се ослободи од Амаури, Лука Тони и Винченцо Јакинта. Powered by: 24 FUDBAL.com.mk Последно од оваа категорија
Жежок удар доживеале амбициите на аргентинската нацонална екипа во хокеј на трева, ...
Кралицата Елизабета лично го контактирала Џејмс Бонд за да и помогне околу отварање...
Потегот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, кога во финалето на Светс...
За прв пат во историјата на Formula 1 возачот во една екипа ќе биде жена, затоа што...
Во Буенос Аирес се одржа натпревар за танчерки на шипка...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби Златната Копачка на Европа со ...
|
24FUDBAL.com.mk
Дидие Дрогба ги негира зборовите на Јуп Хејнкес кој го нарече напаѓачот н...
Филип Лам вели дека откако го оствариле сонот да играат финале на домашен...
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи...
Кристијано Роналдо смета дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, а Реал М...
Mobile24.mkHot & Sexy
Дејзи сега ја започнува својата кариера на модел, а ако продолжи вака сигурно уште ...
Две Британки со бујни физички атрибути... Џоди и Сем ги здружија силите.
Тетовираната Арабела Драмонд и ги држи градите на Роси Џонс во најновата сесија за ...
|





























