|
|
Вторник, 27 Декември 2011 07:54
Фудбал
Јунајтед се израмни со Сити на врвот во Премиер лигата
Само Манчестер Јунајтед ја оправда улогата на фаворит во денешните натпревари од Премиер лигата, Црвените Ѓаволи се израмнија со Манчестер Сити на врвот на табелата.
Фановите на Манчестер Јунајтед беа најзадоволни на Боксинг деј, од фаворитите само нивниот тим успеа да ги освои трите бода, тимот на Сер Алекс Фергусон го победи Виган со 5-0.
По киксот на Челзи против Фулам кој одигра 1-1, Ливерпул не успеа да го совлда Блебурн на Енфилд, а ВБА остана непоразен против Манчестер Сити.
Димитар Бербатов беше главниот играч на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, бугарскиот интернационалец постигна хет-трик.
Парк и Валенсија ги реализираа преостанатите два погодоци за Црвените Ѓаволи.
Ливерпул влезе како голем фаворит во дуелот против последно пласираниот тим на Блекбурн, но одигра само 1-1.
Пред крајот на првиот дел Адам си постигна автогол за водство на Блекбурн од 1-0, Макси Родригез во 53. минута го израмни резултатот.
Црвените имаа неколку фантастични можности за победа, на голманот на Блекбурн бранеше фантастично и беше играчот на натпреварот.
Манчестер Сити не успеа да дојде до целиот плен од гостувањето кај Вест Бромвич, натпреварот заврши 0-0.
Њукасл им се врати на победите, славеа на гостувањето кај Болтон со 2-0.
Бен Арфа и Демба Ба беа стрелци на погодоците за Њукасл.
Сандерленд и Евертон ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1.
Колбек им донесе водство на домаќините, Лејтон Бејнс израмни од пенал.
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk Последно од оваа категорија
Жежок удар доживеале амбициите на аргентинската нацонална екипа во хокеј на трева, ...
Кралицата Елизабета лично го контактирала Џејмс Бонд за да и помогне околу отварање...
Потегот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, кога во финалето на Светс...
За прв пат во историјата на Formula 1 возачот во една екипа ќе биде жена, затоа што...
Во Буенос Аирес се одржа натпревар за танчерки на шипка...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби Златната Копачка на Европа со ...
|
24FUDBAL.com.mk
Дидие Дрогба ги негира зборовите на Јуп Хејнкес кој го нарече напаѓачот н...
Филип Лам вели дека откако го оствариле сонот да играат финале на домашен...
Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи...
Кристијано Роналдо смета дека е подобар фудбалер од Лионел Меси, а Реал М...
Mobile24.mkHot & Sexy
Дејзи сега ја започнува својата кариера на модел, а ако продолжи вака сигурно уште ...
Две Британки со бујни физички атрибути... Џоди и Сем ги здружија силите.
Тетовираната Арабела Драмонд и ги држи градите на Роси Џонс во најновата сесија за ...
|





























