Friday, 11 July 2014 18:36 Фудбал

Шпанија | Барселона и Ливерпул потврдија дека постигнале договор за трансфер на Луис Суарез, Уругваецот ќе потпише пет годишен договор...



Преку официјални соопштенија на своите веб страни, Барселона и Ливерпул потврдија дека е постигнат договор за трансфер на Луис Суарез.
 
„Барселона и Ливерпул постигнаа договор за трансвер на Луис Суарез. Уругваецот наредната недела ќе допатува во Барселона на медицинските тестови и ќе потпише пет годишен договор по што и официјално ќе биде презентиран пред медиумите и фановите како фудбалер на Барселона" - стои во соопштението на Барселона.
 
„Ливерпул потврдува дека Луис Суарез ќе го напушти клубот откако беше постигнат договор со Барселона. Фудбалерот сега има дозвола да ги комплетира вообичаените формалности и да го заклучи трансферот" - стои во соопштението на Ливерпул.
 
„Сакаме да му заблагодариме на Луис за неговиот допринос и улогата која ја имаше за враќање на Лигата на Шампионите на Енфилд".
 
„Сите во фудбалскиот клуб Ливерпул му посакуваме се најдобро во иднина на Луис и неговата фамилија".
 
Деталите од договорот помеѓу двата клуба не се обелоденети, сумите со кои се шпекулира во медиумите се од 81 до 95 милиони евра.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...