Wednesday, 23 July 2014 11:57 Фудбал

Шпанија | Барселона соопшти дека е постигнат договор со Валенсија за трансфер на Жереми Матју на Камп Ноу вреден 20 милиони евра...



По долги преговори помеѓу двата клуба, Барселона и Валенсија денеска постигнаа согласнсот за трансфер на Жереми Матју на Камп Ноу.
 
’Каталонците’ го идентификуваа 30 годишниот Французин како идеално засилување на одбраната, но ’Лос Че’ не сакаше лесно да се откаже од дефанзивецот.
 
Лидерите на Валенсија ја одбија понудата на Барселона вредна 15 милиони евра, и инсистираа да добијат 20 милиони евра за Жереми Матју.
 
Барса потоа се сложи да ја плати оваа сума, но двата клуба не можеа да пронајдат согласност за начинот на плаќањето.
 
Утрово се чинеше дека зделката ќе пропадне откако Жереми Матју се качи во авион заедно со преостанатиот тим на Валенсија за турнејата во Јужна Америка.
 
Сепак, двата клуба успеа да ги надминат разликите, па Французинот од Мадрид наместо да патува за Перу сега ќе фати лет за Барселона.
 
„Барселона и Валенсија постигнаа договор за трансферот на Жереми Матју” – гласеше известувањето на ’Каталонците’.
 
„Французинот ќе стави потпис на четири годишен договор со опција за уште една додатна сезона”.
 
„Вредноста на трансферот изнесува 20 милиони евра а во договорот на играчот ќе биде вметната откупна клаузула вредна 50 милиони евра”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...