Thursday, 24 July 2014 12:20 Фудбал

Англија | Луј ван Гал е презадоволен од високата победа од 7-0 над Лос Анџелес Галакси и начинот на кој играчите на Манчестер Јунајтед се адаптирале на неговата формација 3-5-2...



Холанѓанецот ја започна својата авантура на кормилото на ’Црвените Ѓаволи’ со висока победа на првиот пријателски натпревар на турнејата во САД.
 
Дeни Велбек го отвори резултатот против ЛА Галакси, а потоа следуваат по два погодоци на Вејн Руни, Рис Џејмс и Ешли Јанг за висок триумф од 7-0.
 
На оваа средба Манчестер Јунајтед играше во формација 3-5-2, систем што Ван Гал го користеше со Холандија на мундијалот во Бразил.
 
Стратегот е задоволен од начинот на кој играчите се адаптирале на неговите тактички барања, па ова ќе биде формацијата со која ’Црвените Ѓаволи’ ќе продолжат да играат во иднина.
 
„Перформансите беа фантастични” – вели Ван Гал. „Судејќи според тренинзите, за очекување е да победиме но не со 7-0. Ваквата висока победа беше изненадување”.
 
„Резултатот секогаш е важен. Ваквиот резултат ви ја зголемува самодовербата”.
 
„Применивме нов систем, кој го употребивме само два пати кога на тренинг игравме 11 против 11”.
 
„Но момците се желни да приберат нови информации. Минатата недела, 10 играчи кои играа на овој натпревар, не беа дури ни во нашиот тренинг комплекс”.
 
„Кога играте со нов систем, подобро е да победите со 7-0 отколку да загубите, бидејќи при пораз играчите ќе почнат да се сомневаат во системот. Но сега го немам тој проблем”.
 
„Кога сакате да го промените системот, мората да започнете веднаш. Немаме време да се подготвуваме за други работи”.
 
„Друга формација со која можеме да настапиме е 4-3-3, и Манчестер Јунајтед долги години играше со овој систем”.
 
„Можам да го вратам овој систем доколку формацијата 3-5-2 не функционира”.
 
„Со квалитетот на играчите со кои располагам, можам да играм со формација 4-3-3 и тројца напаѓачи на клупата, но сакам да играм со двајца напаѓачи”.
 
„Имам четири 10ки на раполагање, па според мене тимот не е добро балансиран”.
 
„Одлучив да играме со овој систем поради квалитетот на играчите. Но доколку загубиме, можам да го променам системот”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...