Wednesday, 17 December 2014 13:40 Фудбал

Англија | Тјери Анри планира во иднина да заплива во менаџерските води, и сонува еден ден да седне на жешкото столче на ’Топџиите’...



Легендата на Арсенал и Франција вчера соопшти дека става крај на фудбалската кариера и потпиша мулти-милионски договор со телевизијата Sky каде во иднина ќе работи како стручен коментатор.
 
Сепак, Тјери Анри има повисоки амбиции и планира да се впушти во менаџерските води.
 
Тој исто така не крие дека посакува да се врати во Арсенал, и еден ден да седне на менаџерското столче на Емирати.
 
„Ќе ми се оствари сонот доколку станам менаџер на Арсенал, но тоа не е едноставно” – вели Анри во разговор со Telegraph.
 
„Најпрво треба да се докажете, треба да учите. Потребно е да разберете што значи тоа да бидете менаџер”.
 
„Дали можете да подучувате, дали можете да бидете трпелив? Сите овие проблеми”.
 
„Луѓето си мислат дека се менаџери на свој начин, но воопшто не е лесно”.
 
„Планот е да започнам да ги земам лиценците за тренер и претпоставувам дека Арсенал ќе ми помогне”.
 
„За да ги положите тестовите потребно е одблизу да работите со некој клуб, и би сакал да мислам дека во мојот случај тоа ќе биде Арсенал”.
 
„Не знам кога и дали ќе се случи, но сите знаат дека би сакал да се вратам во Арсенал еден ден”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...