Saturday, 31 January 2015 13:22 Фудбал

Англија |  Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал ја отфрла можноста нови засилувања да пристигнат на Олд Трафорд до крајот на зимскиот преоден рок...



Се шпекулира дека ’Црвените Ѓаволи’ се обидуваат да ја засилат одбраната, Матс Хумелс од Борусиај Дортмунд и Ајмерик Лапорт од Атлетик Билбао се посочуваат како трансфер желби на Манчестер Јунајтед.
 
Сепак, зборувајќи на денешната прес конференција, Луј ван Гал ја отфрли можноста нови имиња да пристигнат на Олд Трафорд во последните денови од јануарскиот преоден рок.
 
„Секој ден читам дека пројавуваме интерес за одредени играч” – вели менаџерот на Манчестер Јунајтед. „Но тоа не е точно. Нема да ангажираме никого, може само да продадеме”.
 
„Пред две недели кажав дека само е можно некој да замине. Но вие никогаш не ми верувате”.
 
Ван Гал исто така потврди дека Дарен Флечер е блиску до преселба во Вест Хем.
 
„Во моментов, Дарен е во Вест Хем. Тој е мојот трет капитен и важна личност во соблекувалната”.
 
„Ми се допаѓа како човек и како играч, но не добива голема минутажа. Преферира да игра повеќе па затоа сакаме да му помогнеме и да му дозволиме да замине”.
 
„Ќе биде загуба за нас, но клубот што ќе го купи ќе добие квалитетен играч”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...