Wednesday, 06 May 2015 13:57 Фудбал

Лига на Шампиони | Јувентус со 2-1 го доби првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, тимот на Масимо Алегри ја искористи предноста на домашен терен...



Јувентус изненади со офанзивниот пристап на стартот на натпреварот, фудбалерите на Карло Анчелоти не го очекуваа налетот на старата дама која рано го отвори натпреварот.
 
Уште во 9. минута Мората ја затресе мрежата на својот поранешен клуб, Тевез биеше, топката дојде до Шпанецот на кој не му беше тешко да ја протне во мрежата на Касиљас.
 
Реал Мадрид брзо се врати од негативата, во 27. минута по асистенција од Родригез, Кристијано Роналдо со глава го изедначи резултатот.
 
Кралевите имаа шанси и за комплетен пресврт, но Родригез од идеална позиција со глава шутираше во пречката.
 
По 15. минути игра во вториот дел, Карвахал направи прекршок за пенал, Карлос Тевез беше сигурен реализатор од белата точка за ново водство на Јувентус.
 
Како што се ближеше крајот на натпреварот Јувентус се повлекуваше се подлабоко во својот шеснаесетник обидувајќи се од контри да го зголеми водството.
 
Реал Мадрид беше тимот кој повеќе напаѓаше, но не успеваше да создаде вистински шанси за погодок.
 
Јувентус со предност ќе истрча на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид пред своите гледачи ќе се обиде да ја анулира негативата.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...