Saturday, 13 February 2016 15:27 Фудбал

Италија | Претседателот на Киево откри дека уште кога биле млади Дрогба и Ибра биле пикирани од неговиот клуб и за малку не завршиле во Верона...



Лука Кампедели е претседател на Киево уште од 1992 година кога го превзема клубот од неговиот татко Луиџи кој тогаш почина. Тој од третата лига го донесе клубот до Серија А, а токму во дебитантската сезона во најдобрата италијанска лига, 2001 година, за малку ќе ги донесел тогаш младите таленти Дидје Дрогба и Златан Ибрахимович.

„Дрогба веќе беше наш кога имаше 19 години и играше за Ле Ман, го земавме за 3 милијарди лири. Но, не зезна Лацио кој требаше да купи два наши играчи, Ериберту и Манфредини. Во последен момент се откажаа и така останавме без парите кои требаше да ги платиме за Дрогба и го откажавме трансферот.“

Сепак Лацио една година подоцна го купи Кристиан Манфредини од Киево, за жал предоцна за Дрогба да дојде кај новиот калчолигаш. Ериберту пак е всушност Лусиану, Бразилецот кој беше фатен дека игра со лажен идентитет за да се претстави како помлад. Тој во 2003 премина во Интер.

„Го следевме и Ибрахимович кој тогаш играше за Малме. Беше огромен талент, но многу скап. Знаевме дека ако успееме да го платиме во иднина влогот ќе ни се вратеше профитабилно. Но, заинтересирана беше и Верона и тие беа поблиску до него отколку ние.“

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...