Thursday, 28 April 2016 14:18 Фудбал

Лига на Шампиони | Медиумите од Германија имаат големи замерки за тактиката на Пеп Гвардиола особено одлуката да ги остави на клупата за резерви Томас Милер и Франк Рибери...



„Баварците“ вчера загубија со 1-0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид и се на пат трета година по ред да доживеат елиминација во полу-финалето од Лигата на Шампионите од екипа од Шпанија.

Медиумите од Германија имаа големи замерки за тактиката на Пеп Гвардиола особено одлуката да ги остави на клупата за резерви Томас Милер и Франк Рибери.

„Дали ова е најлошиот крај за Пеп?” – напиша реномираниот Билд. „Светскиот шампион Томас Милер започна на клупата за резерви. Отсуството на Милер е изненадување, без него, Рибери и повредениот Робен на Баерн му недостасуваше агресија, страст и храброст”.

„Храбра и погрешна одлука на Гвардиола, Милер оставен на клупата” – напиша магазинот Кикер. „Милер не само што е еден од најдобрите стрелци, тој е апсолутен лидер на теренот”.

„Ризичниот план на Гвардиола не успеа” – гласеше насловот на електронското издание на весникот Ди Велт, според кого неиграњето на Милери Рибери бил „гол против својот тим“.

Најжесток во критиките беше минхенскиот весник Зидојче Џајтунг: „Сликите од синоќешниот натпревар покажа што Пеп Гвардиола не сака да биде – губитник. Исто како и во претхоните две полу-финалиња тој ја утна тактиката. Загуби само поради тоа што противникот имаше подобар план”.

По крајот на натпреварот, Пеп Гвардиола ја образложи својата одлука и рече: „Сакав играч повеќе во средниот ред како и левак на левата крилна позиција и деснак на десната крилна позиција”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...