Thursday, 28 April 2016 14:52 Фудбал

Македонија | Македонскиот шампион Вардар, денеска ја промовираше Фудбалската академија од која треба да излезат големи фудбалски имиња, нови лидери во црвено-црниот дрес и македонската репрезентација...



Фудбалската академија на Вардар е од историска важност за развојот на фудбалот во Македонија бидејќи се работи за објект со услови кои ретко кој клуб ги има на Балканот.

„Објектот е проектиран од Балкан Груп Констракшн. Се работи за модерен дизајн во елипсовидна форма, согласно со просторот и во насока на визуелна адаптација со Националната Арена Филип Втори. Фудбалската академија ФК Вардар е со површина од 1152m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории. Сите останати простории се опремени централна вентилација со греење и ладење, како и со подно греење. Обезбедени се 50-тина паркинг места, за потребите на објектот. Објектот е осветлен со лед светилки, кои навечер даваат посебен ефект и амбиент. Во екстериерот и ентериерот на објектот доминираат црвената и црната боја и амблемите како симбол на ФК Вардар” изјави Марио Кофилоски директор на Фудбалската академија ФК Вардар.



Денес во ФК Вардар професионално тренираат 400 млади деца, додека дел од фудбалската академијата се вкупно 1000 дечиња. Со реализацијата на оваа институција поттикнавме голем интерес кај јавноста и го подигнавме нивото на репутација од аспект на високи стандарди во едукација и напредок на фудбалери од најмладите категории како стартна основа за изградба на идни врвни поединци од светски калибар.

„Терените се со вештачка трева поради можноста тренинзите да се одвиваат во разни временски услови. Сите услови што ги нуди академијата се одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Слободно можам да кажам дека академијата на ФК Вардар ги исполнува сите услови за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во некои големи европски клубови. “ – изјави Павел Неделковски координатор на детската школа ФК Вардар.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...