Friday, 06 May 2016 17:41 Фудбал

Лига на Шампиони | Пеп Гвардиола не ја оствари целта да му донесе барем една титула во Лигата на шампионите на Баерн во својот три годишен престој, гневот бил видлив особено по мечот против Атлетико Мадрид...



Германскиот „Билд“ пренесува дека вистинска драма се случувала во подтрибинскиот простор на Алијанц Арената по крајот на мечот со Атлетико.

Пеп Гвардиола го барал виновникот за поразот, па прстот повторно го вперил кон докторите. Наводно ги прашал како можат нивните колеги од Атлетико Мадрид за толку кратко време да го опорават Годин.

„Годин беше повреден и се врати по само една недела. Не знам зашто моите играчи не се опоравуваат така брзо“ - викал Пеп по докторите кои го возвратиле ударот.

Некој од докторите чие име „Билд“ не го открива му вратил на Пеп, велејќи дека тој на располагање ги немал само Робен и Бадштубер.

„Не можете така да зборувате. Не смееш така да ни се обраќаш. Ова е неприфатливо. Сите ти беа на располагање освен Робен и Бадштубер“.

Според германскиот весник, Френк Рибери ја смирувал атмосферата и благодарение на него ситуација не ескалирала.

Да потсетиме, една од првите работи кои ги направи Гвардиола по неговото доаѓање е смената на докторот Ханс Вилхелм Милер Волфарт кој долги години беше прв во медицинскиот тимна Баерн Минхен.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...