Friday, 27 May 2016 10:44 Фудбал

Англија | Манчестер јунајтед денеска и официјално потврди дека Жозе Мурињо е нивниот нов менаџер, тој потпишал три годишен договор со клубот...



Жозе Мурињо и официјално е нов менаџер на Манчестер јунајтед откако клубот го потврди неговиот ангажман.

„Жозе Мурињо ќе го превземе кормилото на Манчестер јунајтед од сезоната 2016/2017, потпишувајќи три годишен договор со опција да остане во клубот најмалку до 2020 година“ - стои во соопштението на клубот.

„Жозе е најдобриот менаџер во фудбалот денес. Тој освојуваше трофеи и инспирираше играчи во повеќе држави во Европа, и се разбира многу добро ја знае Премиерлигата, освои три титули тука“ - изјави извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудворд.

И Жозе Мурињо изрази задоволство што ќе бие нов менаџер на Манчестер јунајтед.

„Посебна чест за мене е да бидам менаџер на Манчестер јунајтед. Тоа е клуб познат и почитуван насекаде во светот. Постои некоја мистерија и романса што ниту еден друг клуб не може да ја понуди“ - вели Мурињо.

„Секогаш сум се чувствувал како едно со Олд Трафорд, тој бил домаќин на некои важни спомени за мене во кариерата и секогаш сум уживал во односот со фановите на Јунајтед. Со нетрпение чекам да почнам и да уживам во нивната фантастична поддршка во годините кои доаѓаат“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...