Tuesday, 28 June 2016 09:25 Фудбал

ЕУРО 2016 | Фудбалски земјотрес на Европското првенство, Исланд елиминира Англија, победи со 2-1 и се пласира во четвртфиналето...



Малиот Исланд направи голема сензација откако ја елиминираше фаворизираната Англија, дебитантот направи чудо и се пласира меѓу осумте најдобри на Европското првенство.

Натпреварот започна одлично за Англија, во 3. минута Стерлинг беше фаулиран од голманот на Исланд, судијата покажа на белата точка а Руни беше сигурен реализатор за водство од 1-0.

Водството траеше само две минути кога Сигурдсон постигнува гол за израмнување од 1-1.

Во 15. минута Деле Али имаше фантастичен обид од далечина кој заврши неколку сантиметри над пречката на Исланд.

Три минути подоцна Сигторсон бие, лоша интервенција на Харт, топката заврши зад неговиот грб за комплетен пресврт и водство на Исланд од 2-1.

До крајот на мечот Англија јалово се обидуваше да го изедначи резултатот, Исланд беше поблиску до зголемување на водството отколку тие до израмнување.

Тимот на Рој Хоџсон одигра очаен натпревар и заслужено ги спакува куферите, уште едно големо разочарување за Англија од големите натпреварувања.

Сите пофалби одат на адреса на Исланд не само што ја победи, туку и ја надигра Англија и сосема заслужено закажа дуел со домаќинот Франција во четвртфиналето.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...