Friday, 22 July 2016 09:57 Фудбал

Англија | Жозе Мурињо кажува како влијаел на Ибрахимовиќ да стави потпис на договор со Јунајтед и вели дека тој е уште млад иако има 34 години, тоа е само бројка, неговото тело вели дека може уште да игра на највисоко ниво...



Едно од главните засилувања на Манчестер јунајтед ова лето е Златан Ибрахимовиќ. Откако му заврши договорот со ПСЖ, Ибра имаше понуди од секаде во светот, но одбра да се пресели во Премиерлигата каде што ќе тренира под водство на Жозе Мурињо со кој работеше една сезона и во Интер.

„Да бидеме искрени, тој е многу богат. Тој има направено многу пари во кариерата, освоил многу работи, во најтешката лига во светот доаѓате бидејќи чувствувате дека можете да го направите тоа“ - вели Мурињо.

„Доколку не е така одите да играте во САД, Кина или уште една сезона во француската лига“.

„Ибрахимовиќ сакаше уште предизвици. Кога му реков дека имам освено во Англија, Шпанија и Италија и дека тој освоил во Шпанија, Италија и Франција, се подзамисли и рече „сакам да дојдам, сакам да освојам и во Англија“, па мотивацијата кај него е на највисоко ниво“.

„Неговото тело е неверојатно. Отсекогаш мислел дека нашите години се оние кои ги имаме во личната карта но според мене вистинските години не се во личната карта. Тоа е само дата кога сте родени. Вистинските години се во вашето тело, вашиот мозок, вашето однесување и Ибрахимовиќ е млад, неговото тело е неверојатно. Голема улога имаат и спортовите кои ги тренирал пред да почне на игра фудбал. Во поглед на неговите мускули и психолошкиот аспект тој е поинаку подготвен од традиционален фудбалер“.

„Во недела започнува специфична програма која ја имаме подготвено специјално за него, а од четврток ќе се приклучи на остатокот од составот. Очекувам да биде многу добро засилување за нас“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...