Saturday, 23 July 2016 20:15 Фудбал

Англија | Пол Сколс ги прокоментира сториите за рекорден трансфер на Пол Погба во Манчестер јунајтед, легендата на „Црвените Ѓаволи“ вели дека Французинот не вреди толку пари...



Јувентус веќе ја одби понудата на Манчестер јунајтед вредна 101 милион евра, но се говори дека двата клуба ќе си подадат рака за рекорден трансфер и зделка вредна 120 милиони евра.

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, кој краток период тренираше и играше покрај Пол Погба на Олд Трафорд, вели дека Французинот не вреди толку пари.

„Мислам дека Погба не вреди 100 милиони евра” – вели Англичанцот.

„За ваква сума на пари сакате некој кој ќе постигне 50 погодоци во една сезона, како Роналдо или Меси”.

„Во моментов Пол Погба не вреди толку”.

„Беше многу талентиран млад играч, играв со него и знам колку добар беше”.

„За првиот тим одигра еднаш или можеби два пати, но од она што јас го разбрав, побарал многу пари”.

„За негови години, бараше многу пари”.

„Да, замина и направи успех во Јувентус. Забележа напредок, но треба уште многу да се подобри за да стане играч кој вреди 100 милиони евра”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...