Friday, 26 August 2016 11:05 Фудбал

Лига Европа | Шкендија доживеа убедлив пораз од 4-0, Гент е сепак пресилен и сосема заслужено славеше на „Филип Втори“ арената, македонскиот претставник не го оствари својот сон...



Нема европска есен за Шкендија, фудбалерите на Бруно Акраповиќ беа надиграни и убедливо поразени од Гент со што го завршија учеството во Европа.

И покрај тоа што во Скопје допатува со победа, Гент играше офанзивно од првиот момент на натпреварот. Шкендија беше во подредена улога од време на време заканувајќи се кон противничкиот гол.

Белгискиот тим имаше неколку одлични шанси во првиот дел но благодарение на одличните интервенции на Дино Захов мрежата беше сочувана во првото полувреме.

Резултатот беше отворен во 60. минута кога по еден одличен центаршут Кулибали ја смести топката во мрежата на Шкендија за водство на Гент од 1-0.

Девет минути подоцна истиот играч зголеми и на 2-0, по што почна да се празни арената „Филип Втори“, веќе беше јасно дека Шкендија ги загуби сите шанси за пласман.

Во 81. минута Парбет стрелаше за убедливи 3-0, а точка на натпреварот стави Нето со гол на пет минути до крајот, конечни 0-4.

И покрај убедливиот пораз, Шкендија имаше успешно европско лето кое заврши вечерва, сега фокусот комплетно ќе биде ставен на македонското првенство.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...