Thursday, 29 September 2016 10:37 Фудбал

Лига на Шампиони | Атлетико Мадрид им го нанесе првиот пораз оваа сезона на Карло Анчелоти и Баерн Минхен, Барселона со два гола во второто полувреме направи пресврт против Борусија Менхенгладбах...



Дербито на вечерва му припадна на вицешампионот Атлетико Мадрид, на Висенте Калдерон, „Колчонероси“ со минимални 1-0 славеа над „Баварците“.

Јаник Караско во 35. минута стрелаше прецизно од врвот на шеснаесетникот за прв пораз на Карло Анчелоти и Баерн Минхен оваа сезона.

Во втората шпанско-германска пресметка, Барселона со 2-1 славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Домаќините го изненадија фаворитот во првиот дел и преку Торган Азар поведоа со 1-0.

Но Арда Туран и Жерард Пике се погрижија за пресврт во вториот дел и нови три бода за „Каталонците“.

Селтик успеа да го сопре Манчестер Сити, но може да жали што освои само бод.

Домаќините во три наврати имаа водство, но „Граѓаните“ постојано се враќаа и на крајот средбата заврши 3-3.

Дембеле донесе рано водство за Селтик, а гостите изедначија преку Фернандињо. Потоа Стерлинг постигна по еден гол на двете страни. Најпрво ја затресе сопствената мрежа, а потоа и онаа на Селтик.

На стартот од вториот дел, Дембеле одново донесе водство за домаќините, но Сити успеа да се избори за бод преку Нолито.

Тео Волкот со два погодока му донесе победа од 2-0 на Арсенал во дуелот со Базел, Кавани исто така постигна два гола во победата на ПСЖ од 3-1 на гостувањето кај Лудогорец, а Наполи со 4-2 славеше над Бенфика.

Ростов и ПСВ одиграа 2-2, а без победник заврши и дуелот помеѓу Бешикташ и Динамо Киев.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...