ВИЦ

Седеле дома мажот и жената и како секогаш мажот седел во фотеља, а жената работела во кујна. По некое време мажот и рекол на жената:
-Не можам цел ден да те гледам како се работиш и се мачиш во кујна, дај затвори ја вратата!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Friday, 30 September 2016 11:03 Фудбал

Лига Европа | Манчестер јунајтед едвај со минимални 1-0 славеше над Зорја, Рома без потешкотии стигна до висока победа од 4-0 над Астра...



Жозе Мурињо одново направи неколку промени во составот но и покрај тоа „Црвените Ѓаволи“ на терен излегоа со силен тим.

Манчестер јунајтед го имаше поседот на топката, доминираше, но никако не успеваше посериозно да се закани по голот на Зорја, во првите 45 минути домаќините ниту еднаш не упатија удар во рамките на голот,

Најтрофејниот клуб од Англија конечно постигна гол во 69. минута, и тоа само откако Вејн Руни случајно го проигра Златан Ибрахимовиќ а Швеѓанецот ги натскока дефанзивците на Зорја и од неколку метри со глава ја затресе мрежата на Зорја за победа од 1-0.

За разлика од Манчестер јунајтед, Рома ја оправда фаворитската улога против Астра, „Римската Волчица“ без проблеми стигна до висока победа од 4-0.

Резултатот го отвори Стротман во 15. минута, а на крајот од првиот дел Фазио зголеми на 2-0.

На стартот од вториот дел, Фабрисио си постигна автогол, а во 55. минута Салах стрелаше прецизно за 4-0.

До убедлив триумф стигна и Зенит, клубот од Санкт Петербург броеше до пет во дуелот со АЗ Алкмар. Кокорин постигна два гола за домаќините, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Џилијано, Кришито и Шатов.

Бењат му донесе победа од 1-0 на Атлетик Билбао во дуелот со Рапид, а со ист резултат Фенербахче славеше над Феенорд.

Резултати:Рома – Астра 4:0
Атлетик Билбао – Рапид 1:0
Австрија Виена – Плзен 0:0
Дандалк – Макаби Тел Авив 1:0
Фенербахче – Феенорд 1:0
Генк – Сасуоло 3:1
Манчестер јунајтед – Зорја 1:0
Олимпијакос – АПОЕЛ 0:1
Сент Етјен – Андерлехт 1:1
Зенит – АЗ Алкмар 5:0

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...