Monday, 16 January 2017 11:53 Фудбал

Италија | Аксел Витсел реши да го откачи Јувентус и кариерата да ја продолжи на Далечниот Исток каде ќе заработува високи 18 милиони евра по сезона...



Репрезентативецот на „Црвените Ѓаволи“ во последниот ден од летниот преоден рок беше на чекор до трансфер во Јувентус, но Зенит се предомисли и на крајот играчот остана во Санкт Петербург.

„Старата Дама“ сепак не се откажа од Аксел Витсел и работеше напорно да го ангажира играчот во јануари.

И кога се чинеше дека „Бјанконерите“ конечно ќе потпишат со фудбалерот од средниот ред, Аксел Витсел сега го откачи шампионот на Италија  и реши да ја прифати богатата понуда од Кина.

Белгијанецот ќе потпише три годишен договор со Тианџин и на Далечниот Исток ќе заработува 18 милиони евра по сезона, четири пати повеќе од она што Јувентус му го нудеше.

„Одлуката беше тешка. Од една страна имав понуда од одличен клуб како Јувентус” – вели Витсел за Тутоспорт.

„Од друга страна имав понуда за моето семејство која не можев да ја одбијам”.

„Раководството на Јуве се однесуваше џентлеменски, па можам само да им бидам благодаран”.

„Ќе продолжам да навивам за Јувентус и се надевам дека ќе ја освојат Лигата на Шампионите”.

„Кој знае, можеби во иднина патиштата ќе ни се сретнат!”

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...