Tuesday, 20 June 2017 09:39 Фудбал

Италија | Медиумите од Италија пишуваат за драматичен пресврт во случајот на Џиџо Донарума, семејството на играчот најверојатно утре ќе има средба со раководството на Милан...



Суперталентираниот голман во четвртокот, преку својот агент Мино Рајола, ги извести лидерите на Милан дека нема да го продолжи договорот.

По ова следуваа низа реакции и голем број на навреди на адреса на Џиџо Донарума.

Протестите кулминираа во Полска, каде на Европското првенство за играчи до 21 година, фанови на „Росонерите“ со лажни долари го „наполнија“ голот на Италијанецот.

Но последните извештаи на медиумите од Италија најавуваат драматичен пресврт во целиот случај.

Добро упатениот новинар Џанлука Ди Марцио пишува дека најверојатно утре ќе има средба помеѓу семејството на играчот и раководството на Милан.

Исто така, братучедот на Мино Рајола, Енцо ќе отпатува во Полска за директно да разговара со Џиџо Донарума.

Извештаите велат дека „Росонерите“ во мирување ги ставиле обидите за ангажмана на нов голман.

Се верува дека веќе е договорен Матија Перин од Џенова, но Милан најпрво уште еднаш ќе се обиде да ја продолжи соработката со Џиџо Донарума.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...