Friday, 22 September 2017 10:26 Фудбал

Македонија | Шпанскиот весник, Марка ги спореди Иви Лопез и Енис Барди со Нејмар и Кавани бидејќи се расправаа кој да го изведе слободниот удар, но медиумот посочува дека во иднина ќе нема дилеми...



Енис Барди уште на стартот од сезоната покажа дека е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Македонскиот фудбалер синоќа постигна маестрален погодок од слободен удар.

Но тоа можеше и да не се случи бидејќи Иви Лопез прв ја зема топката и сакаше да шутира. Го праша Барди дали ќе му дозволи да изведе, но Македонецот не му го пружи тоа задоволство. Позицијата беше перфектна за Барди, му беше на десна нога на идеална оддалеченост. Сите дилеми ги реши публиката која почна да го скандира името на Барди.

Марка ги спореди Иви и Барди со Нејмар и Кавани и додаде дека во иднина се чини нема да има дебати во Леванте кој да изведува бидејќи македонскиот фудбалер докажа кој е кој кога слободните удари се во прашање.

По мечот Чема и Муњиз за медиумите објасниле дека Иви е добар изведувач па затоа побарал тој да изведе. Но, сигурно не е подобар од Барди.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...