ВИЦ

Мујо си купил куче птичар, од продавница за животни. Наредната недела се враќа во продавницата и вели: - Тоа куче не фаќа птици Продавачот: - Е како така не фаќа? - Или не лови, или не го фрлам доволно високо.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Saturday, 11 November 2017 16:04 Фудбал

Македонија | Македонските фудбалери до 19 години ја победија и Белгија со 2-1 и на коло пред крајот го освоија првото место и се пласираа во елитната групна на квалификации за Европското првенство...



Македонија има нова златна генерација која многу ветува, денеска ја совладавме и фаворизираната Белгија на идентичен начин како и Швајцарија, со пресврт.

Натпреварот не почна најдобро за македонската репрезентација, по само десет минути игра Белгија поведе со гол на Фоулон. Но нивната предност не траеше долго, во 24. минута Чурлинов одлично нафрли до Елмас кој со глава го израмни резултатот на 1-1.

Во 86. минута Елмас изнуди пенал, а Јани Атанасов реализира од белата точка за комплетен пресврт и победа на Македонија за прво место и влез во елитните квалификации.

Во исто време се играше и мечот помеѓу Швајцарија и Лихтенштајн кој го добија Швајцарците со 2-1.

По второто коло на претквалификацискиот турнир во Скопје, Македонија има шест бода, Белгија и Швајцарија по три, Лихтенштајн е без бодови.

Во последното коло Македонија игра со Лихтенштајн, меч без резултатско значење, а Белгија и Швајцарија во директен дуел ќе се борат за втората позиција која исто така води во елитните квалификации кои се последната пречка до пласман на Европското првенство.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...