Monday, 13 November 2017 16:10 Фудбал

Македонија | Алиоски доби одлични оценки за изданието против Норвешка, фановите на Лидс очекуваат тие перформанси да ги префрли сега во Чемпионшиплигашот...



Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со триумф од 2-0 над Норвешка во контролен меч во Скопје ја финишираше оваа календарска година, а медиумите на Островот го коментираа настапот на Езгјан Алиоски, членот на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс.

Популарниот „Џани“ одигра одличен натпревар, а тоа не остана незабележано на Островот, па така тие ја издвоија неговата асистенција во водечкиот гол постигнат од Пандев, а асистенцијата беше мајсторија на мал простор.

„Како и да е, тие фанови на Лидс кои го гледаа изданието на Алиоски за својата земја против Норвешка може се изненадени од перформансите на нивниот фудбалер, испорачувајќи одличен пас во голот на Пандев во 43. Минута, тој момент е најдобар показател за тоа како да се извлече најдоброто од играчот“ пишува „HITC“ во својата анализа, претходно говорејќи дека од изданието против Нотингем Форест (каде го постигна голот на месецот во Чемпионшиплигата), неговите изданија потоа биле скромни.

Истиот медиум додава дека импресивниот потег на Пандев во реализацијата било токму тоа што му е потребно на Лидс во позајмениот германски интернационалец Пјер-Мишел Лазога.

За Лидс ќе издвоиме дека е во голема резултатска криза, по одличниот старт на новата сезона, тимот од „Еланд Роуд“ никако да му тргне во последниов период, па со 23 бода падна на десетото место на табелата по 16 одиграни кола, а притисокот врз Томас Кристиансен и неговите избраници е се’ поголем.

Нашиот 25 годишен репрезентативец во 14 настапи постигна два гола, од кои едниот беше прогласен за гол на месецот во Чемпионшиплигата.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...