Wednesday, 15 November 2017 11:35 Фудбал

Македонија | Селекторот на младинската фудбалска репрезентација на Македонија по новиот разочарувачки резултат во квалификациите за ЕП Италија 2019...



Триумфот на гости кај Ерменија со 0-3 навидум навестуваше нови добри денови за младиот состав на Македонија за фудбалери до 21 година, но, реалната слика се отслика на три меча во низа потоа.

Следеше пораз од Србија со 0-2 на домашен терен, противникот добро познат, цврст, стабилен, со многу поголемо искуство од нашето, но потоа следеше шокирачки пораз кај аутсајдерот Гибралтар, минимален со 1-0 што го вклучи алармот, кој се чини „прегоре“ во денешниот дебакл од Австрија на домашен терен со 0-4 во една очајна игра која не ветува многу.

Селекторот Благоја Милевски по денешното ново разочарување не крие дека оваа селекција ќе трпи промени, а Гибралтар бил само опомена за одредени репрезентативци.

„Што и да кажам е безпотребно по еден ваков пораз, Австрија се покажа како поквалитетна и подобра, сите четири гола кои ги примивме беа на наша грешка. Тоа е... Имавме и ние свои шанси а не ги искористивме. Гибралтар беше опомена за некои репрезентативци и од март ќе имаме нов лик на оваа селекција“ истакна Милевски кој најави дека уште од сега следат подготовките за новиот циклус.

Милевски истовремено додаде дека дел од овие репрезентативци не успеале да се носат со притисокот кој го донесе успехот на претходната генерација во оваа селекција, а напомена дека ќе има и прекомандување од У19 во У21, „Златната Генерација“ како што многумина ја нарекуваат, а која и зеде мерка на една Швајцарија, и пред се’ Белгија во квалификациите.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...