Friday, 17 November 2017 14:11 Фудбал
Германија | Бундеслигашот Борусија Дортмунд го суспендираше својот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг поради наводни „дисциплински причини“, соопштија од клубот...



Обамејанг нема да биде во составот на тимот од Дортмунд за мечот против Штутгарт во германскиот шампионат, а конкретната причина за сево ова не се соопштува.

Ова е втор пат германскиот клуб да му врачи суспензија на Обамејанг, откако минатата сезона исто поради дисциплински причини беше отстранет од тимот, кога не се појави на тренинг, туку отпатува во Италија.

„Сево ова не го разбирам, не ми е јасно зошто сум казнет кога не сторив ништо погрешно. Минатата година бев казнет бидејќи отидов во Милано, овојпат не станува збор за такво нешто, казнет сум а никој не ми ја наведува вистинската причина“ изјави Габонецот.

Се шпекулира дека „судирот“ со шефот на стручниот штаб на Милионерите, Питер Бош е една од причините која се наведува во германските медиуми, другата причина која се споменува е наводно дека тој отпатувал во Барселона кај својот поранешен соиграч од тимот Дембеле, кој има статус „непријател“ во редовите на Борусија Дортмунд, по сите тие збиднувања околу него изминатото лето.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...