Friday, 01 December 2017 09:59 Фудбал

Англија | Овој викенд во Премиерлигата на програмата е дуелот помеѓу двајцата стари ривали, Арсен Венгер и Жозе Мурињо па психолошката војна веќе започна...



Откако седна на жешкото столче на Олд Трафорд, „Специјалниот“ се мачи на гостувањата кај топ шест екипите на табелата. На седум натпревари кај Челси, Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем, Жозе Мурињо има само три поени и еден гол.

Во оваа серија спаѓа и поразот од 2-0 на гостувањето кај Арсенал минатата сезона, што беше прва победа во првенството за Венгер над лутиот ривал Мурињо во 13 обиди.

Па Арсен Венгер беше запрашан дали очекува Жозе Мурињо да го паркира автобусот и со дефанзивен приод да обезбеди добар резултат.

„Не, не очекувам ништо посебно. Мислите ми се насочени само кон тоа како играчите да се одморат добро” – вели менаџерот на Арсенал.

„Манчестер јунајтед е силен тим и ќе гледаме да се справиме со проблемите кои тие ќе ни ги креираат. Очекувам да напаѓаат, нема само да се бранат”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...