Thursday, 21 December 2017 09:29 Фудбал

Англија | Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека тешко ги прифаќа поразите, вечерва наместо поштено да му честита на Бристол за големиот резултат, истакна дека противникот имал среќа...



Второлигашот Бристол предизвика големо изненадување откако вечерва со гол во 93. минута славеше со 2-1 над фаворитот Манчестер јунајтед и обезбеди полуфинале од Лига Купот, каде уште се Арсенал, Челси и Манчестер Сити.

Домаќините одиграа одличен натпревар, постигнаа два убави гола и во добар дел од средбата беа рамноправен противник.

Но Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека тешко ги прифаќа поразите и по крајот на натпреварот наместо поштено да честита истакна дека Бристол имал среќа.

„Тие имаа среќа, се бореа со сите сили, но имаа среќа. Дадоа гол во момент кога сите чекаа ние да постигнеме погодок, па морам да кажам дека имаа среќа” - вели „Специјалниот“.

„Исто така, ние во првото полувреме два пати ја погодивме рамката од голот при резултат 0-0”.

„Се бореа како ова да е натпреварот на нивната кариера, веројатно е така и тоа беше убаво. Мислам дека ова е прекрасен ден за фудбалот, победи тим од втората лига и ќе игра полуфинале. Ова е голем дел за Бристол и неговите фанови, па сакам да им честитам. Тоа што велам дека имаа среќа не сакам да биде главна работа, главна рабоа е тоа што се бореа и победија”.

Изјавата на Жозе Мурињо веднаш стана хит на социјалните мрежи, сите се чудат како „Специјалниот“ очекува „тие имаа среќа“ да не биде главна работа кога зборот „среќа“ го употреби пет пати во само една минута.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...