Tuesday, 02 January 2018 17:24 Фудбал

Англија | Според пишувањата на Спорт, Филипе Кутињо нема намера повтороно да го облече дресот на Ливерпул со цел да избегне повреда која може да му го загрози трансферот во Барселона...



Се повторува приказната од изминатото лето, медиумите од Каталонија одново на долго и на широки пишуваат за трансферот на Филипе Кутињо на Камп Ноу.

Најпрво Мундо Депортиво пренесе за понуда од 150 милиони евра, од кои 110 милиони се фиксни а преостанатите 40 милиони се во бонуси.

Потоа се огласи и Спорт, кој пренесе дека Филипе Кутињо нема намера повторно да го облече дресот на Ливерпул.

Бразилецот не сака повреда која ќе му ја загрози преселбата на Камп Ноу, па им пренел на лидерите на Ливерпул дека повеќе нема да игра. Ситуацијата е прилично јасна за сите на Енфилд и Јирген Клоп се подготвува за следните натпревари без Филипе Кутињо.

Плејмејкерот го пропушти вчерашниот дуел со Барнли поради ситна повреда, а според Спорт, тој нема да биде во комбинација ниту за средбата со Евертон во петок во рамките на ФА Купот, ниту пак за дербито против Манчестер Сити на 14. јануари.

Вакви слични стории имаше и во август, кога Филипе Кутињо достави и официјално барање за трансфер. И тогаш се пишуваше дека играчот ќе штрајкува со цел да си обезбеди трансфер од соништата, но Ливерпул не потклекна во ниту еден момент.

Останува да се види како сега ќе реагираат „Црвените“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...