Thursday, 04 January 2018 16:50 Фудбал

Англија | Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо удри по медиумите на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со Дерби во ФА Купот, вели дека сториите за негово заминување од Олд Трафорд се ѓубре...



Сезоната на „Црвените ѓаволи“ не се одвива според планот, најтрофејниот клуб од Англија одново е далеку од битката за титулата.

Па по серијата слаби резултати, медиумите почнаа да пишуваат дека Жозе Мурињо ќе го напушти Олд Трафорд.

Ваквите стории не му се допаднаа на „Специјалниот“ кој распали на пресконференцијата пред дуелот со Дерби во ФА Купот.

„Зависи од тоа што сакате да знаете или за што сакате да зборуваме. Ако сакате да зборуваме за одредени стории, ќе кажам дека тие се ѓубре. Ако сакате да ме прашате директно, дали следната сезона се гледам како менаџер на Манчестер јунајтед, ќе ви речам да, се гледам како менаџер“ - вели Португалецот.

„Како што кажав кога пристигнав, ќе заминам само кога клубот ќе побара од мене да заминам бидејќи немам намера да го напуштам Манчестер јунајтед. Мојата намера е да останам, да работам и да го вратам клубот на местото на кое припаѓа“.

„Не сум стигнал ниту до половината од договорот и планирам да останам се додека сопствениците и бордот се среќни со мојата работа“.

Кога го наследи Ван Гал во 2016, Жозе Мурињо стави потпис на тригодишен договор со опција за уште една додатна.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...